 |
 |
 |
| |
Aплицирање
Во насока да биде поедноставно Вашето аплицирањето на конкурсот на Фондацијата е-Македонија Ве молиме користете ги овие верзии (македонски и англиски).
Фондацијата „е-Македонија“ врз основа на член 7 од Статутот, како и врз основа на стратегијата за работа за 2009та година донесе одлука за:
ОБЈАВА бр.01/2009
за прибирање на барања за поддршка на проекти што ќе бидат целосно или делумно помогнати од Фондацијата “е-Македонија”.
- Доставените барања за поддршка треба да се однесуваат на реализација на проекти кои придонесуваат за подобрување на условите за информатичкото општество;
- Право да достават проект врз основа на овој оглас имаат сите организации што се регистрирани во Република Македонија, а кои во рамките на своите дејности и цели се грижат за подобрување на условите во информатичкото општество;
- Организациите кои ќе аплицираат за поддршка од фондацијата треба да достават:
- Прелиминарна документација
- Фотокопија од тековна состојба од Централен Регистар на Република Македонија (не постара од 6 месеци)
- Документација за проектот
- План на проектот изработен според апликацијата (апликацијата е достапна на веб страната на Фондацијата “е-Македонија”, www.e-makedonija.gov.mk), доставен во 4 примероци (2 на македонски и 2 на англиски)
- Управниот Одбор на Фондацијата „е-Македонија“ ќе врши избор од доставените барања за поддршка врз основа на: придонесот на проектот за подобрување на условите во информатичкото општество во Р.Македонија, бараните парични средства и досегашното искуство на организацијата во реализацијата на слични проекти;
- Рок за доставување на барањата: 15.09.2009 година;
Барањата да се доставуваат во затворен коверт со назнака „За Фондација “е-Македонија” - објава бр.01/2009“ исклучиво преку пошта со препорачана пратка на адреса: Македонски Телеком АД - Скопје, ул.Орце Николов бб, Скопје
- Фондацијата се обврзува да достави одговор на сите доставени барања за поддршка најдоцна до 30.11.2009 година;
- Фондацијата ќе потпише договор со организациите чии што проекти ќе бидат целосно или делумно поддржани;
- Фондацијата „е-Македонија“ преку свои органи го задржува правото да не избере ниту еден од проектите за кои е побарана помош.
Вкупниот фонд на Фондацијата “е-Македонија” за целосна или делумна поддршка на проекти за развој на информатичкото општество изнесува до 50.000 евра.
|
|
| |
|
|