| |
1.Здружение на граѓани „Интерактивна мрежа за образование и ресурси“ - Битола
Донација за поддршка на проектот „Млади, е-дукација, граѓанско општество“ со цел да се подигне нивото на знаење кај младите за користење на интернет во процесот на учење, децентрализација на знаењето и полесен пристап до информации, едуцирање на младите за граѓанското општество преку работа на интерактивна Веб страна и допринесување во развојот на автономни и морално компетентни млади личности. За таа цел ќе бидат опфатени 75 ученика од училиштата ДСУО „Браќа Миладиновци“-Скопје- 15 ученика, ДСЕМУ „Ѓорѓи Наумов“- Битола-15 ученика, Гимназијата „М.М.Брицо“- Делчево-15 ученика и Гимназијата „Аце Русковски“ од Берово- 15 ученика кои ќе претставуваат три виртуелни класа.
Проектот ќе се реализира за пет (5) месеци.
2. Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ Битола
Донација за поддршка на проектот „РОВИС“, со кој ќе се овозможи осовремување и унапредување на комплетните процеси, со примена на компјутерска технологија и апликативни програмски решенија итоа:
- Матични податоци за учениците (име, презиме, име на родителите, година на раѓање, адреса, телефон, е-маил, јазик, фотографија);
- Одделенски дневник (внос на податоци за успехот и изостаноците на учениците);
- Извештаи и прегледи (досие за секој ученик, просечен успех на класот, на годината, на училиштето, успех за одреден предмет, успех за одреден професор, број на изостаноци по класови)
- Печатење на сведителства на крајот на учебната година;
- Координирање и евалуација на проектот.
Проектот ќе се реализира во период од четири (4) месеци.
3. Здружение на невработени од тиквешко- пелагонискиот регион - Кавадарци
Донација за поддршка на проектот „Унапредување на информатичкото образование на долгорочно невработените лица“, кој ќе се реализира во Тиквешкиот регион – општина Кавадарци со околните населени места.
Проектот ќе се одвива во три фази:
- Во 1-от месец- подготвителни активности: набавка на неопходните административни и дидактички материјали- копии од книги, креди, маркери, тетратки, хартија и друго;
- Од 2-от до 4-от месец- Спроведување на обуката за компјутери во просториите на „ИЈА НЕТ“ Кавадарци, итоа на 4 групи парципиенти, а во секоја група по 8 лица, или вкупно 32 парципиенти за цел проект (4 групи по 8 лица);
- Од 4-от месец до половинана на истиот- Завршни активности, кои опфаќаат анализа и сумирање на постигнатите резултати, доделување на уверенија, изработка на периодични извештаи и краен извештај.
Проектот ќе се реализира во период од четири ипол месеци.
4. Мрежен Електронски Народен Центар - Скопје
Донација за поддршка на проектот „Наша Страна“, со кој ќе се реализира изработка на Веб страна, со цел да се промовира дел од Националната стратегија за млади.
Со проектот „Наша Страна“ ќе се креираат веб бази според усвоените програми од Националната стратегија за млади луѓе, достапност на нивните програми во електронска форма, како и поврзување на новосоздадените центри со руралните средини.
Проектот ги опфаќа и ќе се реализира во следниве фази:
- Изработка на лого- во периодот од 1-от месец до средината на истиот;
- Одредување на име на доменот- во периодот од 1-от месец до средината на истиот;
- Регистрирање на домен- последната недела од 1-от месец;
- Изработка на Веб презентација- од средината на 1-от месец до првата недела од 2-от месец;
- Контрола- крај на првиот месец и првата недела од 2-от месец;
- Ажурирање на Веб презентацијата- крај на првиот месец и првата недела од 2-от месец;
- Хостирање на Веб презентацијата на сервер на локален провајдер- од средината па до крај на 2-от месец;
- Информирање- едуцирање- од средината па до крај на 2-от месец;
- Финален извештај- првата недела од 3-от месец.
Проектот ќе се реализира во период од два ипол месеци.
5.Фондација за развој на информатичките технологии- Младински информатички центар- Скопје
Донација за поддршка на проектот „Kомпјутерски курсеви за невработени лица и за редовни студенти од Скопје“, кои се одржуваат секој работен ден од 08.00-21.00 часот во Скопје.
За реализација на предвидениот проект ќе се донира следнава техничка опрема:
- Ѕидна наставна табла-1
- ЛЦД проектор со опрема-1
- 16 портен свич- 2 парчиња
- Персонален компјутер P IV- 3
- Фотокопир-1
- Веб камери-2
6.Центар за меѓуетничка толеранција и бегалци – Скопје
Донација за поддршка на проектот „Информативен сервис на граѓаните“, кој ќе се имплементира на 17 локации во градот Скопје.
- Проектот ги опфаќа и ќе се реализира во следниве фази:
- Подготовка на материјали за активностите, набавка и монтажа на техничката опрема, изработка на Веб страна, приклучување на интернет врски и емитување на информативна програма, подготовка на месечен извештај- месец март, 2005 година;
- Емитување на интернет информативна програма на македонски и англиски јазик, подготовка на месечен извештај месец април, 2005 година;
- Емитување на интернет информативна програма на македонски и англиски јазик, подготовка на месечен извештај – месец мај, 2005 година;
- Емитување на интернет информативна програма на македонски и англиски јазик, подготовка на завршен наративен и финансиски извештај – јуни, 2005 година;
Проектот ќе се реализира во период од месец март до 31.07.2005 година
7. Центар за современи уметности - Скопје
Донација за поддршка на проектот „Мали традиции-Големи вредности“, со кој ќе се реализира изработка на Веб страница за традиционалните обичаи и занаети од регионот на Река.
Веб страницата ќе содржи околу 100 страници текст од областа на историјата, обичаите, изумрени занаети, традиционална архитектура. Текстовите ќе бидат објавени на македонски и англиски јазик.
Исто така Веб страницата ќе содржи 200 фотографии и 500 секунди традиционална музика од регионот.
Проектот ги опфаќа и ќе се реализира во следниве фази:
- Од декември 2004- до март 2005 година- Прибирање на материјал (текст, фотографии) регистрација на домен, дизајн, изработка на дата база;
- Од февруари до април 2005 година- Превод, лектура и коректура;
- Од мај до јули 2005 година- Промотивни активности.
8. Фондацијата „е-Македонија“ на АД Македонски телекомуникации потпиша договор за донација со Меѓународната Фондација „Борис Трајковски“, со што го помогна издавањето на монографијата „Борис Трајковски- Претседател на Република Македониjа, 1999-2004.Скопје . |
|