Програма на Фондацијата


За да ја реализира идејата за воспоставување на е-општеството во Република Македонија, МТ преку е-фондацијата работи на остварување на следните цели и задачи:

  • Воведување информатичка технологија во сите важни сегменти на општеството: во образовните системи, здравствените институции, правните институции и е-трговијата.
    • Образование:

 Како водечка телекомуникациска компанија, основниот интерес на „Македонски телекомуникации” преку е-Македонија е ефективна примена на информатичката технологија во образованието. Технологијата се повеќе навлегува во нашиот начин на работа и во нашите животи, а технолошката писменост станува неопходна вештина за успех во современиот свет. Сметаме дека образованието има моќ да го промени животот, да ги зајакне заедниците, да ја засили економијата и да го продлабочи нашето разбирање еден со друг и со светот.

 Инвестираме во образованието , бидејќи имаме потреба од високо стручна и талентирана работна сила која ќе биде конкурентна на пазарот и сметаме дека образованите граѓани обезбедуваат подобар квалитет на животот за сите.

МТ преку е-Македонија го поддржува образованието преку сопствената деловност, филантропија и со помош на нејзините луѓе. Поголем дел од паричните придонеси на е-Македонија, од времето на вработените и услужните активности на заедницата се насочени кон развој на образованието. МТ преку фондацијата е-Македонија ја поддржува реализацијата на следните цели во образованието:

Воведување на Интернет во училиштата;

Една од целите на МТ преку е-Македонија е создадавање на програма за on - line учење преку интернет мрежата. Поддржуваме употреба на технологијата при креирање и спроведување на образовните програми, ја унапредуваме соработката меѓу образовните институции при интернет размена на ресурсите и ја зголемуваме.

Поддршка на отворањето на компјутерски работилници и образовни центри за помладите генерации;

Подобрување на квалитетот на предавање и примање на знаењето

Квалитетот на предавање знаење е еден од најважните елементи што влијаат врз учењето на студентот. Ние го поддржуваме професионалниот развој на предавачите, посебно за ефективна примена на технологијата на сите нивоа на образование. Од посебен интерес за нас се математиката и науката, бидејќи овие дисциплини се душа на нашиот бизнис и основата на образованието и вештините што & се потребни на работната сила во информатичката технологија (ИТ). Ги поддржуваме

е-проектите со кои се опфаќа стручноста на овластените предавачи и улогата на технологијата во предавалната, како и улогата на главните предавачи кои ќе послужат како модел за предавачите во подготовка и оние кои веќе дејствуваат во пракса.

Доделување степендии на најдобри ученици и студенти;

Наградување пронајдоци од областа на информатичката технололгија и информатичкиот софтвер;

Поддржување на организација на научни и стручни средби, семинари и други форми на образование;

Развој на г лобална програма за виртуелен факултет

Со цел да ги прати современите текови во образованието во светот МТ преку е-Македонија во перспектива планира помош на проект за развој на Глобална програма за виртуелен факултет кој ги користи технолошките достигнувања за да ги донесе експертите од целиот свет во предавалните на нашите универзитети.

    • Подигање на свесноста за Интернетот и информатичката технологија со цел зголемување на продуктивноста и ефикасноста во работењето;

 Развој и редефинирање на вештините на работната сила

Вложуваме напори за развој на талентот и интелектуалната сопственост кои се потребни за да се одржи компетитивноста на работната сила, посебно во ИТ индустријата. Го охрабруваме развојот на технолошката писменост како основна вештина неопходна секому и поддржуваме воведување нови наставни планови и образовни искуства што подобро да ги подготват студентите за работните места од областа на ИТ. Инвестираме во истражувања за информирање и подобрување на работата на претпријатијата кои се потпираат на технологијата. МТ преку е-Македонија ги поддржува проектите за развој на О бразовна алијанса, асоцијација на домашни и регионални универзитети за соработка во иницијативата за развој на работната сила во управувањето со мрежа.

МТ преку е-Македонија го поддржува истражувањето на можностите во кариерата и вештините потребни за средношколските ученици и работниците кои не посетуваат факултет, проектите во кои наставниот план комбинира школско учење со работно искуство за да се подготват средношколците како идна дигитална работна сила, како и формирање на нова интердисциплинарна диплома за степен на постдипломски студии во Школата за информатика.

    • Поддржување на проекти за развој на микро и мали претпријатија со цел да се забрза развојот на е-бизнисот, е-трговијата и да се создадат, нови видови на производи и нови пазари;
    • Ангажирање на локалните заедници во е-општеството

Нашата обврска да одговориме на потребите на локалните заедници за нивно активно учество во е-општеството е цврста. Ние сметаме дека нашите вработени се интимно запознаени и со потребите на заедниците во кои живеат и работат и со организациите кои најмногу ги задоволуваат тие потреби. Поради ова МТ преку е-Македонија ја прошири одговорноста за идентификување на проекти за придонес на водечките тимови на компанијата во локалните служби.

    • Поддржување на иницијативата

МТ преку е-Македонија поддржува различни иницијативи и програми за граѓански и општествени услуги преку интернет мрежите. Сакаме нашите донации да послужат како посредници што им помагаат на органзациите да ги исполнат нивните цели и да ги прошират нивните услуги во општеството. Посебно внимание се посветува на проектите што претставуваат модел за другите организации и оттука имаат потенцијал да обезбедат поголеми бенефиции за поголем сегмент од општеството.

    • Поддржување на волонтерството и граѓанската ангажираност

Ние ги цениме, признаваме и поддржуваме напорите на сите волонтери обезбедувајќи финансиска поддршка за организациите кои имаат за цел да ги ангажираат македонските граѓани во е-општеството. МТ преку е-Македонија ги поддржува сите е-кампањи за мобилизирање на бизнис заедницата за поддршка на ефективните услуги и граѓанска ангажираност на секој Македонец.

    • Подобрување на животната средина

Ние сметаме дека темите во врска со животната средина, здравјето и безбедноста се централни деловни теми, важни за добробитието на нашите вработени и лесното функционирање на општеството. Целосниот придонес на МТ преку е-Македонија за животната средина, исто така, се рефлектира во многу од проектите кои ги поддржува преку директно спонзорство и активности управувани од страна на вработените.

За Е-Македонија филантропијата не значи само финансиска помош. Најголемата вредност која ние ја поседуваме се нашите луѓе. МТ преку е-Македонија обезбедува различни ресурси и on-line средства кои ќе ги мотивираат граѓаните во унапредување на околината и ги поддржува е-кампањите за заштита на здравјето, заштитата од катастрофи и развој на меѓусоседските односи.

  • Промовирање на Република Македонија во регионален модел за вмрежена економија, со истакнување на споредбените предности (повисок степен на образование на населението, високо развиена основна телекомуникациска инфраструктура со широк спектар на услуги, популарност на интернетот кај помладата популација, основно компјутерско знаење за користење на компјутери во мали и средни претпријатија);

Одбирањето на проект за поддржување се прави на транспарентен начин преку објавување на отворен тендер на кој сите заеинтересирани можат да се пријават и да ја понудат својата работа. Членовите на Фондацијата одлучуваат за проектите кои ги поддржуваат. Основната цел и задачи на Фондацијата е да врши промоција и овозможи финансиска поддршка на проектот „е- Македонија”. Исто така МТ може да помогне и со одредени обука, семинари, телекомуникациска услуга итн., за промовирање на горенаведените цели.

Со формирање на Фондацијата се отвораат дополнителни можности за промоција и финансиска поддршка за остварување на програмските цели на проектот „е- Македонија” и се создаваат услови за трансфер на програмите и технологијата од другите земји во светот.

Фондацијата дејствува на подрачјето на Република Македонија и соработува со државни и невладини органи и организации што изразуваат желба за да ја подржат Фондацијата и проектот „е- Македонија”.

Здружението да има својство на правно лице и да е запишано во регистарот на Здруженија .

Забелешка: моменталниот статус на Работната програма се однесува на главните начела и цели на фондацијата „е- Македонија”.