МТ преку фондацијата “е-Македонија” ја поддржува идејата на Претседателот г. Трајковски за поширока примена и распространување на информацијата, со цел да придонесе во ширење на информатичките технологии што го поддрж уваат зајакнувањето на демократијата и придонесуваат за целосна транспаретност во работата на државните институции.
МТ преку е-Македонија поддржува различни програми преку директни донации и придонеси. Ние сакаме нашите донации да послужат како посредници што им помагаат на организациите да ги исполнат нивните цели и да ги прошират нивните услуги во заедницата. Нашата основна цел е да ги доближиме технолошките бенефиции до граѓаните и локалните заедници. МТ преку е-Македонија финансира програми поврзани со инвентивната употреба на технологијата и се врз доброволна база.